Сопственик на рента-кар претепал крадец кој му го удрил аудито во бетонски столб

582 Views Јануари 16, 2018 Локално Никола Осило

На 15.01.2018 година во 15,20 часот на крстосницата од ул. „Црногорска“ и ул. „Андон Папрадишки“ во Скопје, откако претходно Ф.А. (47) од с. Сарај одзел патничко возило “Ауди А6“ (сопственост на рента кар фирма), загубил контрола врз возилото и удрил во бетонски столб.

По незгодата, Ф.А. пеш се дал во бегство, но сопственикот на рента-кар фирмата А.Н. (36) од Скопје успеал да го фати и физички го нападнал.

Ф.А. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинса помош бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.

За сообраќајната незгода увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. За бесправното одземање на возилото, како и за физичкиот напад, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по целосно документирање на случаите.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!