Како до позиција на извршен директор: 10 клучни критериуми за успешен извршен директор

2573 Views Јануари 16, 2018 Office Редакција Емагазин

Извршниот директор ја има највисоко рангираната позиција во  една компанија. Токму успехот на големите организации и бизниси се должи на неговото стратешко управување и делување.

Оваа улога подразбира исполнување на примарните одговорности кои вклучуваат донесување големи корпоративни одлуки, управување со целокупните операции и ресурси на компанијата и дејствување како главна точка на комуникацијата. Како резултат, се обезбедува понатамошниот успех.

Во склоп на корпорациите, извршниот директор ја претставува и врската помеѓу одборот, вработените и заедницата.

И покрај тоа што функцијата на извршен директор ужива одредени предности, сепак тој има широк обем на работа и одговорности. Кога станува збор за постигнување на оваа позиција, патот е напорен, но не и невозможен.

Некои работи се клучни:

Развивање на потребните вештини – За успешно интегрирање во корпоративниот свет потребни се следниве вештини:

Стратешко планирањеова е една од најзначајните вештини со која се добива јасна насока и стратегија во реализација на целите;

Склучување бизнис врскипотребна е силна мрежа на луѓе во различни фактори на бизнисот;

Лидерски вештиниефективното лидерство е неопходно за насочување на бизнисот и управување со луѓето;

Сестраност важен фактор е познавање на сите можни потенцијални проблеми, но и нивните решенија со што се развива способноста да се надминат брзо и паметно;

Преговарање – реализација на идеите и постигнувањето на целите во многу зависат од преговарачките способности на поединецот и тимот;

Одлучност неопходен фактор е и подготвеноста за донесување големи одлуки;

Менаџирање на стресотодносно добро справување со стресот и способност да се работи под притисок;

Самодоверба – вербата во себе е клуч за успех, а се гради врз основа на знаење и искуство.

Големо познавање од областа на финансии – Правилното управување и менаџирање на финансиите е круцијална вештина. Голем број луѓе во корпоративниот свет стекнале знаење благодарение на нивната амбиција, односно посета на универзитет, релевантни обуки и семинари, меѓутоа универзитетската диплома е најдобар доказ и потврда за стекнатите знаења од област на економијата и финансиите.

Преземање ризик – колку и да звучи едноставно и клише, без да се преземе ризик нема прогрес.

Стекнување и остварување релации со важни личности – Еден од најдобрите начини за постигнување успех е преку позитивни референции и препораки. Со цел да се стекнат вистинските луѓе кои би ги дале и земале во обѕир овие позитивни референции, треба да се посетуваат што повеќе настани за вмрежување и размена на контакти со луѓе од истата област. Дополнителна предност е и употреба на LinkedIn.

Помагање – Успешниот извршен директор треба да биде во можност да помогне на другите и еден од главните приоритети - да се задоволат потребите на луѓето. Ефективното лидерство се постигнува со усвојување на ваков начин на размислување.

Добро познавање на технологијата – Знаењето од областа на технологијата треба да биде приближно исто со знаењето за бизнисот. Со оглед на сите дигитални платформи на дејствување, професионална потреба е ефикасно користење на компјутерите. Неопходно е извршниот директор да биде способен да управува со секој аспект на компанијата или одделот за кој е задолжен.

Мотивација – Потребно е во секој момент да се биде во тек со случувањата наоколу, а тоа се постигнува преку следење на интернет порталите, читање весници и релевантни книги. Исто така добар начин е и да се следи што прават другите и да се учи од нивните грешки. Има стотици успешни приказни за луѓе кои на разни начини ги постигнале своите цели, па тоа е еден од најдобрите начини за стекнување поголема мотивација.

План за иднината – Планот за иднината е всушност тенденција за движење напред. Имањето визија е она што носи промени, напредок и желба да се постигне повеќе. Најуспешните организации и компании започнаа само со една идеја, која во суштина претставува визија. Стекнатиот план за иднината потребно е да се искомуницира со сите вработени во компанијата.

Образование – Шансите да се постигне позиција на извршен директор без диплома, практично не постојат. Покрај тоа што извршниот директор има значително искуство во својата област, тој има и високо образование. Голем број од извршните директори имаат диплома во бизнис, бизнис администрација и економија.

Во Македонија една од најдобрите можности за искачување на врвот на кариерата нуди Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана, во Скопје, при Државниот Економски факултет. Тој е моментално единствениот факултет во Југоисточна Европа со највисоките меѓународни акредитации EQUIS, AASCB и AMBA.

Програмата е наменета за менаџери, претприемачи, лидери, носители на одлуки, извршни директори, амбициозни експерти за технологија, дипломирани студенти и секој кој сака да се стекне со аналитички и лидерски вештини со цел да се идентификува, врами и реши комплексни бизнис проблем.

Меѓународната бизнис академија нуди одлични можности за контакти и вмрежување со голем број професионалци од бизнис средината како дел од Алумни клубот со повеќе од 10.000 членови и интернационалната бизнис асоцијација – “Beta Gamma Sigma”.

Меѓународните постдипломски студии на IBA во Скопје нуди академско и практично знаење кое што е потребно за подобрување на бизнис кариерата затоа што студиумот е програмски целосно во изведба на Економски факултет – Љубљана.

Мастер програмата веќе единаесет години се одвива во Скопје. Високо позиционирани професионалци и менаџери од познати компании и банки имаат напредувано во својата кариера и го имаат надградено својот бизнис токму со оваа мастер програма. Постдипломските студии се од областа на финансии, маркетинг, човечки ресурси...

На програмата можат да се пријават лица со професионално искуство (менаџери и претприемачи, извршни директори, амбициозни експерти и консултанти...), како и мотивирани дипломирани студенти  без работно искуство. Мастер студиумот е наменет за економисти и неекономисти од сите професии (инженери, правници, фармацевти...)

Заинтересираните кандидати за детални информации може да се обратат до Регионалниот центар на Економски факултет–Љубљана (www.ef.uni-lj.si)  во Скопје (cisef@skopjefair.com.mk; 070 338 570).

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.