ЕКСКЛУЗИВНО Кој зеде под закуп маркети на СП во Скопје?

5086 Views Јануари 17, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

Како што еМагазин веќе објави, Скопски пазар АД Скопје преку Македонската берза соопшти дека затвора десет маркети во Скопје.

Од Скопски пазар за еМагазин велат дека под закуп се издадени четири маркети на Кит-го од Штип и три на Грандпром-ЗУР од Скопје.

„Согласно стратешката определба на менаџментот на Скопски пазар АД да се одбегнат можните ризици во дејноста трговија и да се обезбеди и унапреди деловниот капацитет на Друштвото во целина, објектите кои работеа како малопродажни единици под бредот СП Маркет и Макси Д Дисконти, се издадени под закуп и тоа, 4 маркети на Кит-го - Штип и 3 маркети на Грандпром-ЗУР Скопје.

Скопски пазар останува и понатаму кон својата деловна ориентација: издавање на деловен простор и недвижности како и трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалоци преку своите бренд Фреско, дома.мк, пекара и топлотека“, велат од компанијата. 

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

„Скопски  пазар“ затвора десет маркети во Скопје 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.