(Видео) Шокантно откритие: Твитер ги шпионира корисниците

565 Views Јануари 17, 2018 Техно Редакција Емагазин

Новинарската истражувачка група Project Veritas објави снимка на Јутуб на која вработен во компанијата Твитер открива детали за својата работа.

Како што наведува, тие се дури и платени да пристапат и анализираат приватни содржини кои корисниците ги разменуваат меѓусебно. Тоа подразбира читање и гледање на стотина приватни фотографии и пораки.

-Постојат цели тимови кои се посветени на тоа. Зборуваме за најмалку 300 до 400 лица кои се платени да гледаат фотографии, изјавил Клеј Хејнс, сигурносен инжинер во Твитер.

Хејнс истакнал дека тој посебно анализира пораки и твитови кои претходно други корисници ги пријавиле за штетни.

Видео: veritasvisuals

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести