(ВИДЕО) Столтенберг петти генерален секретар во посета на Македонија: Како изгледаше посетата на Солана

747 Views Јануари 18, 2018 Ретро Редакција Емагазин

Јенс Столтенберг е петтиот генерален секретар на НАТО, што ја посетил Македонија.

Прв ја посети Македонија, Хавиер Солана, во 1997 година. Тој уште два пати престојуваше во официјални посети на земјава, во 1998 и 1999 година.

А видеото на АП, сведочи за неговата посета на бегалскиот камп во Македонија за време на војната во Косово.

Џорџ Робертсон, имаше најмногу посети во земјава и тоа сите остварени во 2001 година, во екот на кризата.

Прв пат ја посети во април 2001 година, а оствари вкупно шест посети. Беше во земјава и на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор на 13 август 2001, а последата посета му беше во ноември истата година.

Јап де Хоп Шефер ја посети земјава три пати, во 2007, 2008 и 2009 година.

Последен пат генерален секретар на НАТО беше во посета на Македонија во мај 2014 година, кога Андерс фог Расмусен дојде во проштална посета. 

Фото/видео: АП

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести