Владата со законски измени воведува извештаи за кредитна способност на граѓаните и фирмите

1458 Views Јануари 18, 2018 Бизнис Никола Осило

Министерство за финансии подготвува предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за кредитно биро.

Во образложението се вели дека согласно Закон за кредитно биро, кредитно биро може да изготвува извештаи за состојбата на обврските на правни и физички лица, но не може да изготвува извештаи за нивната кредитната способност што е вообичаена активност на кредитните бироа во меѓународни рамки.

„Поради тоа, се предлага да се даде можност кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателите. Воведувањето на оваа услуга ќе резултира со предности за кредиторите и кредитокорисниците.

Донесувањето на предлогот на закон е со цел воведување на извештај за кредитна способност на кредитобарателите. Воведувањето на оваа услуга ќе резултира со предности за кредиторите и кредитокорисниците.

Извештајот за кредитната способност ќе им овозможи на кредиторите да го подобрат кредитното портфолио, да ги намалат трошоците од работењето и значително ќе го намали времето потребно за одобрување на кредити. Истовремено, извештајот на кредитобарателите ќе им даде јасна слика за нивната кредитна способност“, пишува во образложението.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!