(ФОТО) Катица Јанева во ресторан го пречека Столтенберг

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денес оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во рамки на неговата посета на Република Македонија.

Средбата се одржа во еден скопски ресторан.

На средбата, Јанева го информирала Столтенберг дека Јавното обвинителство со кое таа раководи има институционална одговорност за истражување на кривичните дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и дека е решително да ја исполни целта заради која е формирано.

Јанева нагласила дека работата на СЈО е од исклучителна важност за обезбедување на владеењето на правото и враќање на довербата на граѓаните во институциите на државата како еден од клучните предуслови за членство на Република Македонија во НАТО, соопштија денеска од Обвинителството.

Фото: СЈО

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.