Ретка видео-снимка од пред еден век: Прослава на Водици на реката Драгор во Битола

1322 Views Јануари 19, 2018 Ретро Никола Осило

Пионерите на филмот во Македонија и во Југоисточна Европа познатите браќа Јанаки и Милтон Манаки се одговорни што и денес можеме да видиме како се живеело на овие простори пред стотина години.

Во оваа прилика објавуваме како битолчани го слевеле празникот Водици на реката Драгор за време на српската окупација.

Во првиот дел во три кадри е снимена голема колона луѓе, цивили во одела со качкети и со шапки, српски офицери и свештени лица како се движат по битолските улици опкружени со многуброен народ.

Вториот дел, во само еден кадар, е снимен во општ план полутотал, во кој се гледа големата група луѓе од првата секвенца на кејот на реката Драгор.

Мостот и кејот се украсени, а долу се гледа реката во која треба да се фрли крстот. Самиот акт на фрлањето на крстот не е снимен (или можеби е снимен, но не е сочуван).

Видео/фото:Кинотека на Македонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести