По подолга пауза пораст на автомобилските кредити

1165 Views Јануари 19, 2018 Бизнис Никола Осило

Кај вкупните кредити на домаќинствата во текот на декември бележиме минимален месечен раст од 0,1 отсто, при годишен раст од 9,2 отсто, соопшти Народната банка. Притоа, месечниот и годишниот кредитен раст кај домаќинствата главно е во форма на денарски пласмани.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во последниот месец од годината, кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити е регистриран месечен раст од 1 отсто и 1,3 отсто, соодветно, при годишен раст од 10,9 отсто и 14,2 отсто, соодветно.

„Во текот на декември, кај автомобилските кредити е регистрирано месечно зголемување од 1,1 отсто, додека годишните промени се задржуваат во негативната зона на раст, конкретно за овој месец 2,2 отсто.

Кредитите одобрени на кредитни картички во декември, бележат надолна месечна и годишна промена од 1 и 0,8 отсто, соодветно, додека кај негативните салда на тековните сметки на месечното ниво е забележано намалување од 10,7 отсто, при годишен раст од 1,8 отсто. Овој месец, кредитите одобрени врз други основи остварија месечно и годишно намалување од 0,6 отсто и 0,4 отсто, соодветно“, соопшти НБРМ.

Фото: odyssey.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!