Измамен за работа во Германија платил 80.000 денари

И.М.(32) вчера пријавил во полиција дека е измамен за 80.000 денари во врска со наводна работа во Германија.

Како што соопшти МВР, И.М. контактирал за работата во Германија со Д.К. по претходна објава на „Реклама 5“.

Д.К. му рекол дека треба да почнат веднаш со постапката на уплаќање средства за превод на формулари од македонски на германски јазик и плаќањето да го изврши на жиро сметка во банка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.