Распродажба на запленет имот: Луксузни куќи, станови и возила нудат банките

8344 Views Јануари 20, 2018 Бизнис Никола Осило

Македонските банки почнуваат да наликуваат на агенции за надвижности или на автосалони со оглед на тоа што многу често можат да се забележат огласи за продажба на недвижен и подвижен имот запленет врз основ на ненаплатени кредити.

Така, Еуростандард банка продава лукзузна куќа во населба Водно-резиденцијален дел со дворно место од 1.357м2 од кои 353м2 земјиште под објект. Вкупна внатрешна површина од 700 м2 и 130м2 помошни објекти. Цела листа имот за продажба ТУКА.

НЛБ банка на продажба преку извршител нуди куќи, станови и деловни објекти. Така се продава куќа од 117 квадрати и двор од над 600 квадрати во населба Пинтија за помалку од 60.000 евра, куќа од 124 квадрати во Добри дол за 1,7 милиони денари, куќа од 61 квадрат на улица Илинденска во Карпош за 3,1 милиони денари, семејна куќа во скопската населба Бутел од 415 квадрати и двор од 365 квадрати за 152.000 евра. Цела листа ТУКА.

Стопанска банка Скопје, освен недвижнини нуди на продажба 50 камиони, товарно возило „Пежо боксер“ и други машини и погони. Цела листа ТУКА.

Фото: Еуростандард банка

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!