Скопје повторно се гуши: Воздухот загаден над дозволените граници

673 Views Јануари 20, 2018 Чиста околина Никола Осило

По неколкудневниот ветер кој го проветри главниот град денеска во повеќе населби во Скопје има загадување на воздухот над дозволените граници. Според „Мој воздух“, кај Ректоратот има присуство на 191 ПМ честички на кубен метар, во Центар 146 ПМ честички на кубен метар, Карпош 152 ПМ честички на кубен метар, Лисиче (113).

„Воздухот има над-нормално загадување од овој тип. Избегнете подолги периоди на отворена површина. На мали деца, стари лица и бремени жени им се препорачува да не излегуваат без посебна потреба“, се препорачува од „Мој воздух“.

Фото: eea.eu

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!