Грците навиваат за Република Вардарска Македонија, а Македонците за Република Нова Македонија?

2137 Views Јануари 21, 2018 Македонија Никола Осило

Грција е повеќе за името Република Вардарска Македонија (Republic of Vardarska Macedonia) како дел од договорот во спорот за името додека Македонија, според грчкиот весник Катимерини, е повеќе за името Република Нова Македонија (Republic of New Macedonia).

Според извори на весникот, Метју Нимиц, посредникот на ОН во преговорите за името на маса ставил пет негови предлози: Република Горна Македонија, Република Северна Македонија, Република Македонија (Скопје), Република Нова Македонија и Република Вардарска Македонија.

Фото: МНР

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!