Ориѓански: Ме каменуваа на еден од дваесет концерти во Грција, ќе победиме со убавина

1609 Views Јануари 21, 2018 Македонија Никола Осило

Во Грција сум свирел двајстина концерти со Анастасиа, повеќе таму отколку во Македонија, дури имавме еден настап во Солун пред 120 илјади народ, објавивме три албума, стекнавме безброј пријатели и богами носевме заработени пари од Грција во Македонија, напиша еден од најпознатите македонски музичари Златко Ориѓански на својот Фејсбук профил.

„Никогаш, никаде немаше проблем, апсолутно почитување и поклон секаде. Инцидент се случи само еднаш во Соровичево, денешно Аминтеон, место близу Лерин, концерт на плоштад, пред 5.000 луѓе. Само што излеговме на сцена, почнаа да пцујат, маваа од сите страни со камења, полудеа. Менаџерот, Грк, засрамен, безуспешно се обидуваше да го сопре лудилото, ние внимававме на нашите очи.

Прекинете, ќе ви платам ко да сте свиреле. Ко не фати некој инат, не, ќе продолжиме. Следниот момент добив огромен камен право во бубрег и толку ме здоболе, мислев ке се онесвестам од бол. Музиката течеше и на крајот се случи чудо. Во еден момент, целосна тишина, почнаа да палат упаљачи, море од светилки пред нас. Ечеше онаа „Девет враќе железни“. Болката не престануваше ама некоја чудна сила ме држеше на нозе. Заврши триумфално со барање за бис. Не сакавме да излеземе.

Влегов во првата кафана, местото кај бубрегот раскрвавено, џигер огромна модрица. Ноќта, изгорев од болка. Пластично шише наполнето со жешка вода како облоги и удирање од ѕид во ѕид од хотелската соба, ама не отидов во болница, демек, ај, ќе ми помине хаха. Сабајлето патувавме за Атина на втор концерт, морам да издржам, просто морам.

Во Атина беше рајски добро, убаво и се ме преболе хаха...Нашиот тогашен амбасадор во Атина, господинот Љупчо Арсовски беше сведок и единствен Македонец таму присутен. Беше многу горд на нас. Ние сме мала земја, само со убавина можеме да победиме“, пишува Ориѓански.

Фото:Фејсбук/Златко Ориѓански

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!