Како најбрзо да го продадете станот и добро да заработите

Доколу имате стан или куќа која што сакате да ја продадете, обрнете внимание на овие десет совети ако сакате вашата недвижност да не стои предолго на страниците за огласи, но и да не мора да ја продадете под цената која што сте ја зацртале.

1.Соберете ја потребната документација која потенцијалниот купувач би можел да ја бара на увид. Најважно е да имате имотен лист и доказ дека сите сметки се платени.

2.Одлучете дали својата недвижност сакате да ја продадете преку агенција или во сопствена режија. Доколку се одлучите за првата варијанта, подгответе износ од три отсто од вкупната вредност на недвижноста, но агентите поголемиот дел со собирање на потребните документи ќе ви го завршат. Од друга страна, доколку одлучите да го продадете станот сами, ќе заштедите пари, но ќе потрошите повеќе време.

3.За прв впечаток нема втора шанса, погрижете се личноста која го гледа станот да се чуствува пријатно во него. Љубезно и искрено одговорите на сите прашања кои ќе ви бидат поставени, а не е лошо на потенцијалните купувачи да им оставите малку време да бидат сами и да разгледаат соба по соба.

4.Обрнете внимание на изгледот на станот. Исчистете го нередот, избришете ја прашината, исфрлете го ѓубрето. Ако станот или куќата не се новоградба или реновиран, впечатокот на чистота и свежина ќе придонесе за добар прв впечаток.

5.Пред доаѓање на потенцијалните купувачи добро проветрете го станот, да биде свеж воздухот внатре.
Мали трикови како чинија со овошје даваат добар впечаток, како и цвеќе на видливи места.

6. Средете ја кујната, потрудете се во мијалникот да нема валкани садови, на масата да нема оставено јадење и слично. Многу купувачи се откажуваат од купување на стан, бидејќи валкана кујна делува како преголемо вложување за да се среди.

7.Украсете го просторот со пастелни бои, со убави завеси и прекривачи на софата, тоа не е прескапо, а станот така делува попривлечен.

8.Доколу имате куче или мачка, потенцијалниот купувач предупредете го дека имате домашен миленик. Не сакате некој да се откаже во последен момент затоа што е алергичен или просто не сака да живее во стан во кој живееле животни, а во исто време да го пропуштите купувачот на кој тоа не би му сметало.

9.Ако вашата куќа има двор, погрижете се тревникот да биде искосен и уреден, ако дворот делува дека на него има многу работа, тоа може да ги одбие потенцијалните купувачи.

10.Важно е потенцијалните купувачи да им дадете слобода во разгледување на станот, се додека неговите барања не ја поминат границата на љубезност.

Извор:Блиц

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.