Секоја втора компанија во ЕУ користи социјални медиуми за промоција

723 Views Јануари 22, 2018 Техно Редакција Емагазин

Бројот на фирми во Европската унија што користат социјални медиуми е во постојан пораст. Во 2017 година речиси секоја втора фирма користела таков облик на комуникации, соопшти Евростат. 

Во минатата година 47 отсто фирми во ЕУ од оние со најмалку 10 вработени користеле барем еден од различните типови на социјални медиуми што е пораст од 17 отсто во однос на 2013 година. 

Најраширен облик на такви медиуми се социјалните мрежи како Фејсбук и Линкедин чиј удел на ниво на ЕУ е 45 отсто. 

Блогови и микроблогови како Твитер, користат 14 отсто фирми, а мултимедијални страници за споделување содржина, како ЈуТјуб – 16 отсто.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.