(Фото) Хуманитарец од Косово по втор пат купува стан за социјално загрозено семејство од Македонија

Накшие Рамадани и нејзината ќерка Блерина не можат да си ја платат киријата и поради тоа ризикуваат да останат на улица, објави ТВ 21. До сега, киријата која изнесувала 100 евра ја плаќале хуманите граѓани.

Но по приказната објавена на овој медиум, повторно за помош се јави хуманитарецот од Косово, Хилал Кастрати кои ги згрижи Накшие и Блерина.

Тој на својот фејсбук-профил објави дека за семејството е најден нов стан од 40 метри квадратни кој со мебел чини 28 илјади евра.

Инаку, Кастрати е сопственик на организацијата за добротворни цели „Сираците на Балканот“ и тој на македонската јавност и е познат по помошта за малиот Фатих од Тетово, чија што приказна исто така ја крена Македонија на нозе.

Тој исто така помогна Фатих и семејството да добијат стан со помош на неколку компании.

Фото/Фејсбук-профил на Хилал Кастрати

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.