Долгот не застарува: Извршителите за 11 години успеале да наплатат од секој трет должник

Од 2006 до 2016 година извршителите во Македонија добиле 1.123.060 барања да спроведат присилна наплата на средства. 

Но, пари успеале да наплатат само од 346.578 должници, односно успеале пари да земат од секој трет должник, покажуват податоците од Комората на извршители.

Според извештајот, извршителите за 11 години наплатиле вкупната сума од близу милјарда евра, поточно 949.069.021 со реализација на само 30,86 проценти од должниците. 

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Се менува законот: За 11 години извршителите наплатиле 950 милиони евра од граѓаните и фирмите

Податоците покажуваат дека на еден извршител во просек му било потребно од една година да наплати долг. Податоците сугерираат на тоа дека сметките на должниците биле празни, па затоа не успеале извршителите да наплатат од должниците.

На крајот на минатата година Министерството за труд и социјална работа потпиша меморандум за соработка со Комората за извршители според кој извршителите не смеат да наплатуваат само од корисници на социјална помош и од пензионери со минимална пензија.

Според законот за извршување, од сите останати должници можат да земат една третина од месечната плата или да запленат одредени предмети од нивните домови или фирми, како компензација на парите што ги должат.

Сепак оние должници од кои во моментот извршителите не успеале да наплатат нема да им биде простен долгот, односно тој не застарува. Така при првиот прилив на средства на нивната сметка тие ќе бидат повлечени од извршителот.

Долгот им стои и им расте со камати и на корисниците на социјална помош. Ним извршителите ќе им земат пари тогаш кога ќе се стекнат со приходи или имот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.