Каролина ќе го промовира новиот албум „Извор“ со концерти во МОБ

657 Views Јануари 22, 2018 Забава Редакција Емагазин

Каролина ќе го промовира новиот албум „Извор“ со концерти во МОБ, најавија од нејзината продуцентска куќа „Авалон“.

„Со големо воодушевување ви најавуваме дека после блескавиот концертен маратон од пред четири години, Каролина и нејзиниот бенд повторно се враќаат во Македонската опера и балет, со четири последователни концерти, на 23, 24, 25 и 26-ти февруари.

На концертите публиката за прв пат ќе има можност да ги чуе во живо сите нови песни од долгоочекуваниот албум на Каролина насловен „Извор“, а ќе се потсети и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“.

Влезниците за сите четири концерти ќе бидат пуштени во продажба по цена од 800 денари, од 24-ти јануари, во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС.

Со секоја купена влезница следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот „Извор“, кое ќе може да се подигне веднаш по завршувањето на концертите“, напиша Бобан Милошески на неговиот фејсбук-профил.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.