Двајца Македонци на листата на Форбс на 30 најдобри претприемачи под 30 години

6683 Views Јануари 23, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

Девет имиња на млади визионери од Балканот вклучувајќи и двајца од Македонија оваа година се најдоа на листата на триесетте најдобри и најветувачки претприемачи под 30 години во дваесет различни индустрии која секоја година ја објавува магазинот Forbes, пренесува balkaninsight.com. 

На овогодинешната листа ’30 Under 30′ опфатени се вкупно 600 претприемачи од сите категории.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Нина за наградата на „Форбс“: Микс од емоции, адреналин, среќа, возбуда

(Фото) Нина и Жаре, први Македонци на листата на Форбс на најдобри претприемачи под 30 години

Од Македонија рангирани се двајца: Нина Ангеловска од Grouper и Жарко Димитриоски од Еден на Еден.

Нина Ангеловска, коосновач на Grouper.mk, во 2011 година на 21 година победи на национален натпревар со својот бизнис план со што го лансираше Grouper.mk, првата македонска онлајн платформа за купување на зделки. Во тој период, само 1% од Македонците имаа навика да купуваат онлајн, а денес Grouper.mk има повеќе од 2.500 трговски партнери и 170.000 регистрирани корисници.



Жарко Димитриоски, коосновач на Еден на Еден. Ја основаше оваа маркетинг агенција заедно со својот брат во 2012 година. Познат е како ТВ водител, а откако ја основаше агенцијата, истата прерасна во компанија со 25 вработени која опслужува некои од најпознатите компании во Македонија.



Кои се останатите млади претприемачи од Балканот можете да видете на следниот ЛИНК.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.