Се обидува ли Русија преку медиумски магнати од Грција да ги закочи преговорите за името?

2392 Views Јануари 23, 2018 Балкан Никола Осило

Зошто грчкиот весник Етнос на богатиот руско-грчки бизнисмен Иван Савидис во чувствителен период на преговорите за името на Македонија си „поигра“ со изјавата на грчкиот премиер Ципрас? Савидис, кој се смета за близок човек до рускиот претседател Владимир Путин во Грција поседува медиуми, меѓу кои и е весникот Етнос, пишува Радио Слободна Европа.

Тој е еден од сопствениците и на солунското пристаниште.

Дневниот весник Етнос, неделникот Етнос, дневниот весник Имерсија, солунскиот фудбалски клуб ПАОК, дел од солунското пристаниште се неколку од крупните инвестиции во Грција на грчко-рускиот бизнисмен Иван Игњатевич Савидис. Тој стана интересен за македонската јавност по интервјуто на грчкиот премиер Алексис Ципрас за грчкиот весник Етнос, кој од 26 јули 2017 година е во сопственост на неговата компанија Димера. Лани летото Савидис на аукција во грчки суд ги купува трите печатени медиуми.

Викендов турбуленција во македонската јавност предизвика насловот на интервјуто на Ципрас „Македонска нација никогаш не постоела“ со кое Етнос го најави разговорот објавен во целост наредниот ден.

Во меѓувреме, по жестоките реакции во Македонија, дневниот весник Независен дојде до целосната изјава на грчкиот премиер во која тој појаснува дека „Македонска нација никогаш не постоела во античко време, како што не постоела и нација на Атињаните или Спартанците“.

Целата сторија ТУКА.

Фото: Ројтерс

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!