(Фото) Дестинации каде што инфраструктурата попушта поради големиот број на туристи

Американски „Си-ен-ен“ објави листа на 12 дестинации кои треба да се избегнуваат во 2018 година.

Листата е составена врз основа на тоа што во последните 12 месеци одредени популарни туристички места настојувале да го намалат бројот на туристи, за кои велат дека ги преплавиле улиците и ги нарушиле нивните кревки еко-системи, што е дилема за патниците кои го планираат својот одмор.

Она што е заедничко за сите дестинации е што поради големиот број на туристи почнала да попушта инфраструктурата, а на локалното население му пречат туристите.

На списиокот се градови како Венеција, Барселона, Дубровник, островите Скај во Шкотска,  Санторини во Грција, Галапагос, Таџ Махал во Индија, Мачу Пикчу во Перу, како и Чинкве тере во Италија.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести