Борба за влијание на „шаховската табла“ на Западен Балкан

537 Views Јануари 23, 2018 Балкан Редакција Емагазин

Пренесено од Катимерини

Мини натпревари од типот на Студена војна меѓу Западот, од една страна, и Русија, од друга страна, се водат во регионот на Западен Балкан.

Истовремено, Москва настојува да го поткопа приближувањето на земјите од регионот кон ЕУ и НАТО, ЕУ за возврат сака да го укине ембаргото врз натамошното проширување на Унијата, кое беше наметнато до неодамна, Турција се обидува да ги заузди муслиманските населенија, а САД се мешаат и прават напори за зајакнување на своето влијание во регионот.

- Геополитиката се врати на Балканот, изјави неодамна еден германски европратеник, кој побара од ЕУ на одигра „потранспарентна“ улога во регионот.

Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ): Минатото лето тајни документи открија дека руски агенти и дипломати се обиделе во текот на повеќе од една деценија да провоцираат поларизација и поделби во земјата, со цел да биде спречено во рамки на една пошириока кампања присоединување на балканските земји во НАТО.

Руската пропаганда, која ја потенцираше опасноста од Голема Албанија и од иредентистички аспирации на Тирана, имаше за цел да обезбеди поддршка за националистичкиот лидер Никола Груевски и за неговата антизападна реторика. За одбележување е дека при ескалирање на кризата во ПЈРМ, европски и американски високи официјални лица повеќепати го посетуваа Скопје, со цел да го решат проблемот.

Нивниот потег го покажа значењето да не се загуби играта во земјата во интерес на Русија. Издигнувањето на Зоран Заев до избраник на ЕУ и САД ја вознемири Москва, што покажуваат и нејзините неодамнешни упатства кон Атина за неотстапување, кои биле дадени токму од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Косово: Во момент кога требаше да започне дијалогот меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ, убиството на еден умерен српски политичар во Косовска Митровица ги разгоре теориите на заговор и страстите, кои останале од војната кон крајот на 90-те години. Американци и Европејци внесоа милијарди долари во Косово, со цел да ја оправдаат својата одлука за негово признавање како независна држава во 2008 година.

Но, и покрај тоа околу пет отсто од населението емигрира во 2014 година најмногу во земји од ЕУ. Во меѓувреме, голем број на косовски граѓани, како и Албанци и Бошњаци, стапија во редовите на џихадистичките групи во Ирак и Сирија.

Албанија: Само пред неколку денови албанскиот премиер Еди Рама го постави прашањето за евентуален „сојуз“ на неговата земја со Косово, со што го разбуди сеништето за Голема Албанија меѓу населението од регонот. Тој го направи тоа, повикувајќи се на одлуката на Парламентот на ПЈРМ да го воведе албанскиот како втор јазик во државата.

Москва веднаш го предупреди дека „ја евидентирала“ неговата спорна изјава. Од друга страна, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган минатата недела истакна дека „Албанците прво треба да ја интегрираат својата територија, а потоа да се приклучат кон ЕУ“. Повеќето аналитичари ја сметаат реториката на албанските политичари како обид за привлекување националистички гласови, бидејќи нивните гласачи ги обвинуваат дека биле поткупени од САД и ЕУ.

БиХ: Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик е обвинуван дека целосно го прекршил договорот од 1995 година откако одлучил да формира милиција од платеници, кои се обучувале во Русија. Минатата недела паравоената група „Српска чест“ организира парада во Бања Лука. Таа е предводена од поранешен член на српските специјални единици, кој се обучувал во Москва и давал свечена заклетва пред портретот на Владимир Путин.

Србија: Неодамнешно испитување покажа дека повеќето Срби сметаат дека Русија е најголемиот спонзор на земјата, а не ЕУ, иако трите милијарди евра, кои Белград ги доби од Брисел од 2000 година досега, значително го надминуваат износот на чекот од Москва. Минатата недела на американски сенатори им беше доставен извештај, во кој меѓудругото се наведува дека „руското мешање во земји како што е Србија е помалку агресивно и е насочено кон поттикнување пријателски елементи во општеството, со цел да бидат спречени владините напори за интегрирање кон Западот“.

Црна Гора: Неуспешниот преврат пред една и пол година имаше основна цел да се изврши атентат врз премиерот Мило Ѓукановиќ, кој е 21 година на власт, а потоа да се распушти Парламентот и да се стават под контрола сите институции. Меѓу иницијаторите на државниот удар се двајца Руси, иако Кремљ постојано ги демантира наводите дека стои за обидот за преврат. И покрај напорите на Москва, Црна Гора минатата година стана членка на НАТО. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.