(ВИДЕО) Кинески научници прв пат во историјата клонираа мајмуни: Човекот следен на листата?

891 Views Јануари 25, 2018 Техно Никола Осило

Кинески научници објавија дека првпат по 300 обиди, успеале да клонираат мајмуни. Двата клона се првите примати коишто се клонирани со истата техника со која беше клонирана и овцата Доли своевремено.

Новите техники и методи ќе овозможат создавање лабораториски услови за креирање генетски идентични мајмуни, што би отворило многу можности во научните и медицинските истражуивања.

„Тие ќе бидат корисни во медицинските испитувања, на генетиските болести, па дури и на ракот, автоимуните болести или метаболичните пореметувања, но и во други научни дисциплини“, изјави Чанг Сун од кинескиот Институт за неврологија.

Клонираните мајмуни се родени пред осум и шест недели, соодветно, во лабораторија во Кина.

Фото/видео: АП

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!