(Фото) Кој е најдобриот хотел во светот?

Кои се најдобрите хотели во светот? Одговорот на ова прашање го дава годишната ранг листа на TripAdvisor. Рангирањето се базира на рејтингот на корисниците на страницата.

На прво место на оваа листа е  хотел во Камбоџа. Хотел Viroth е хотел со 5 ѕвездички лоциран во центарот на Siem Reap. Цената е околу 90 евра за вечер.

Хотелот располага со отворен базен, прекрасна спа, фитнес, пријателски персонал и само 35 соби.

Вкупно 910 луѓе го оцениле хотелот, а ниту еден од нив не оставил негативен коментар.

Втората и третата позиција во рангирањето се окупирани од хотелите Tulemar Bungalows & Villas во Костарика и палатата Umaid Bhawam Palace Jodhpur во Индија.

Најскапиот хотел во првите десет е Gili Lankanfushi на Малдивите, каде што можете да преноќите за 1.903 долари за вечер.

По цена од 600 долари за вечер, TripAdvisor го препорачува хотелот Белведере на езерото Комо.

На врвот на најлуксузни хотели се Baros на Малдивите, по што следи Riad Kheirredine во Маракеш и The Upper House во Хонг Конг.

Во најдобрите се и Pousada Casa Campestre во Бразил, Casa de Praia во Индија и Марис Парати во Бразил.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести