Тамара и уште неколку музички имиња гости на концертот на групата „Морал“

416 Views Јануари 26, 2018 Забава Редакција Емагазин

Тамара ќе биде гостинка на престојниот концерт на „Морал“ во недела на 28 јануари, со почеток во 21 часот во ноќниот клуб „Станица 26“.

Концертната свирка насловена како „Морал со пријателите“ е во организација на „3Гонга“ и е градска сесија бр. 9. На концертот ќе бидат отсвирени песните од нивниот последен албум „Coffeine Blues“, но и сите нивни досегашни хитови од првите два албуми.

На нивниот последен албум се појавуваат повеќе значајни музички имиња – гости, како Слаткар, Тамара, Игор Џамбазов, Венко Серафимов, Димитар Божиков... а покрај Тамара со Морал ќе настапат и уште неколку препознатливи музички имиња, како пријатно изненадување за публиката. Концертот во „Станица 26“ е замислен како типичен рок концерт со многу енергија и добра свирка. 

После долго време Морал повторно настапуваат пред скопската публика. Концертот ќе биде пред се промоција на новиот албум. А за вистинските поклоници ќе бидат отсвирени и песни од изминатите 35 години од самите почетоци на Морал. Како што најавува и самиот бенд ова ќе биде празник за сите сетила. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.