(ВИДЕО) Семејство во струмичко заспива со змии и глувци, јадат од контејнери и немаат здравствено осигурување

Заборавени од општеството и цивилизацијата, семејството Доневи од струмичкото село Дражево, струмичко, преживуваат во нечовечки услови, објави А1Он.

Таткото Стоил заедно со сопругата Нетка и двете ќерки Марина и Душка оставени на милост и немилост секој ден се будат со помислата дали ќе го преживеат денот.

Ова семејство нема здравствено осигурување, помалата ќерка, Душка, има здравствени проблеми и за краток период мора да оди на операција која нејзините родители не можат да ја платат.

Стоил и Нетка веќе подолг период бараат помош од државата, соседите и пријателите во Струмица, но сè уште се далеку од сумата што им е потребна.

Повеќе во видеото на А1Он:

Извор/фото/видео: А1Он

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.