(ВИДЕО) Сеќавање на холокаустот: Како изгледала депортацијата на Евреите од Македонија

1521 Views Јануари 27, 2018 Ретро Редакција Емагазин

По повод 27 јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, Ве потсетуваме како изгледала депортацијата на Евреите кои живееле во Македонија.

Ноќта на 11 март 1943 година, околу 7.200 Евреи од Македонија (од Скопје, Битола и Штип) или нешто повеќе од 98% од вкупното еврејско население во Македонија биле уапсени од бугарската окупаторска фашистичка власт и затворени во скопскиот Монопол (магацините на тутунскиот комбинат Скопје) од каде што со товарни вагони биле депортирани во концентрациониот логор Треблинка во Полска, каде што скоро сите биле убиени.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.