Концерт на инди составот “Џун” во Јавна Соба

626 Views Јануари 27, 2018 Забава Редакција Емагазин

Инди составот Џун, својата турнеја во Македонија ќе ја заокружи со концерт во Јавна соба, под покровителство на Златен даб. Во фокус го става својот последен албум “Living For The Weekend”.

Инди составот “Џун” (June) е формиран во 2010 година, а како дел од него се Бојана, Данчо, Јане, Анте и Филип. Овој музички состав со својот специфичен микс на американски инди поп, со примеси на акустичен кантри поп и дава свежина на македонската инди сцена и одлично ја застапува како дома така и надвор од границите на државата. Имаат оставено белег на EXIT 2011, Здраво Млади 2012, PIN Conference 2012, Sziget Festival 2015, Vienna Waves Festival 2015, Eurosonic Noorderslag 2016, Skopje Design Week 2016.

Позади себе имаат три студиски албуми, и тоа “Someday soon” (јуни 2012), “Indian Summer” (декември 2014) и последниот албум “Living For The Weekend” кој објавен во март 2017.

Јавна соба продолжува со продукција на концерти на авторкски музички состави од Македонија и регионот. Оваа сезоната зима - пролет 2018 ќе имаме можност да слушнеме покрај “June” и “Растко Обрадовиќ квартет”, и други состави од белградската нова музичка сцена.

Влезот во Јавна соба е бесплатен.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.