Театарот за деца и младинци 20тиот роденден ќе го прослави со јубилејна 350та претстава на „Убавицата и ѕверот“

Театарот за деца и младинци се подготвува за јубилејната 350та претстава на „убавицата и ѕверот“ на својот јубилеен 20ти роденден.

-Имаме многу поводи и причини за славење. Ова е фотографија од првата претстава на Театарот за деца и младинци во сегашниот објект „Убавицата и ѕверот“, која набрзо ќе направи 350та изведба. Исто така набрзо ќе прославиме 20 години во сегашниот објект. Времето си врви, децата растат, ние заедно со нив.  Ансамблот се прошири, наградите се множат. За роденден си посакуваме нова театарска зграда за Театарот за деца и младинци. Таква, каква заслужува нашата публика, а и вработените. Ве гушкаме и поздравуваме и ви посакуваме да останете засекогаш деца во срцата. Со детали за роденденот и јубилејната 350-та изведба, набрзо. Ве сака, ваш Театар за деца и младинци!, пишува на Фејсбук профилот на театарот.

Фото: Фејсбук/Театар за деца и младинци

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.