Волонтерска акција за ноќни посети на бездомници

Невладината организација Легис покрена волонтерска акција за ноќни посети на бездомниците.

Според објавата на Фејсбук страната на Легис тие на овој начин сакаат да им помогнат на оние бездомници кои поради различни причини не се сместени во дневниот прифатен центар, со цел да ги згрееме со чај и супа на овие ниски температури. 

За таа цел како што велат потребно е:

1. Известете нè за сите локации каде што сте забележале бездомници.

2. Донации од чај, инстант супи и термоси.

3. Сите што сакаат да одвојат по некој час неделно да се вклучат, нека ни се обратат по порака во инбокс.

За детални информации може да се обратите на фејсбук страната на Легис.

Фото: Фејсбук/Легис

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.