Ќерката на Киро Глигоров даруваше негови предмети за спомен собата во Штип

Првиот претседател на самостојна Македонија Киро Глигоров ќе добие спомен соба во Мултимедијалниот центар во Штип, најави градоначалникот Благоја Бочварски.



Во исто време градоначалникот најави дека со одлука на Општинскиот совет Мултимедијалниот центар ќе го носи името Киро Глигоров.



-Првиот претседател на самостојна Македонија кој е штипјанец заслужува Мултимедијалниот центар да го носи името Киро Глигоров. Општина Штип ја презема одговорноста да води грижа за предметите коишто некогаш биле во лична сопственост на претседателот Киро Глигоров, но и за зачувувањето од заборав на неговите големи достигнувања. Предметите се лично донирани од неговата ќерка Донка Глигорова, изјави градоначалникот Бочваров.

Фото: Општина Штип

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести