Што говорат секс позите за вас?

1197 Views Јануари 27, 2018 18+ Редакција Емагазин

Спојувањето на психологијата и сексуалните пози кажуваат многу за вас. Еве што велат психолозите за вас врз основа на позите кои ги практикувате во водењето љубов:

Кучешки стил

Во длабочината на душата чувствувате презир кон жените и се обидувате да ги понижите секогаш кога ќе ви се укаже можност за тоа.

Ваквиот ваш став потекнува од длабоката несигурност вкоренета во многуте одбивања на кои сте наидувале во младите години поради физички недостаток или лош имиџ.

Сега кога имате повеќе шанси, чувствувате дека е време за одмазда, а „кучешкиот стил“ ви се чини како совршено решение.

Мисионерска поза

Вие секако не можете да се наречете човек со авантуристички дух – повеќе сакате да играте според правилата.

Поради тоа најверојатно сте се откажале од многу соништа во животот и сте се запишале на училиште кое ви го одбрале родителите.

Веројатно имате многу повеќе квалитети, но поради некоја причина не го покажувате тоа. Како и да е, ако вашата девојка претходно не „умре од здодевност“, веројатно ќе ве изневери со некој кој не се откажува толку лесно од своите адути.

Родео

Бидејќи во оваа поза девојката го извршува поголемиот дел од работата, веројатно мислите дека заслужувате дека сè треба да ви се сервира на послужавник.

Веројатно сте единец во семејството и цел живот вашите родители се труделе да ги исполнуваат обврските наместо вас.

Лажица

За вас нема ништо побитно на светов од тоа да бидете во врска. Цел живот пријателите ве понижувале и поради тоа вашата самопочит е на ниско ниво.

Единствената личност со која можете нормално да функционирате е вашата девојка и затоа ја „пазите како своите очи“. Често ви се случува пријателите да ве наречат „папучар“, а вие тоа го прифаќате со гордост.

Мачка

Сакате тантрички секс, но и сè што има врска со мистицизмот и духовноста. Не ви е толку многу до физички оргазам колку што ви е до духовното соединување со партнерката.

Досега веќе сте станале вегетаријанец, а секоја девојка која не може да се пофали со залагање за зачувување на дождовните шуми кај вас апсолутно нема никакви шанси.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести