(Видео) Бруно Марс триумфираше на Греми наградите

Американскиот пејач Бруно Марс е апсолутен победник на годинешнава церемонија на доделување на музличките награди „Греми“, што синоќа се одржа во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Пејачот, по потекло од Хаваите, доби вкупно шест греми-награди, меѓу кои и за албум на годината - „24K Magic“ и за песна на годината - „That’s What I Like“.

Наградата за најдобар нов изведувач ја доби Алиша Кара, а за најдобра соло изведба Ед Ширан, кој доби Греми и за најдобар поп албум за „÷ (Divide)“, додека за најдобар традиционален поп албум е проглсен „Tony Bennett Celebrates 90“ на група изведувачи.

За најдобра денс песна е прогласена „Tonite“ на „Ел-Си-Ди Саундсистем“, за најдоабр албум на денс или електронска музика - „3-D The Catalogue“ на „Крафтверк“, а за најдобар инструментален албум Греми доби „Prototype“ на Џеф Лорбер Фјужн.

Со Греми за најдобра рок изведба се закити Лелобар Коен за „You Want It Darker“, за најдобра метал изведба „Мастодон“ за „Sultan’s Curse“, за најдобра Ар-Ен-Би изведба Бруно Марс за „That’s What I Like“, најдобра традиционална Ар-Ен-Би изведба „Чајлдиш Гамбино“ за „Redbone“, најдобра рап изведба Кендрик Ламар за „HUMBLE.“, а за најдобра кантри изведба Крис Степлтон за „Either Way“.

Најдобра рок песна е „Run“ на „Фу Фајтерс“, најдобар рок албум „A Deeper Understanding“ на „Д Вор он Драгс“, а најдобар албум на алтернативна музика „Sleep Well Beast“ на „Нешанл“.

„That’s What I Like“ на Бруно Марс е прогласена на Ар-Ен-Би песна на годината, а неговиот носач на звук „24K Magic“ доби Греми за најдобар Ар-Ен-Би албум.

Греми за најдобра рап песна доби Кендрик Ламар за „HUMBLE.“, кој воедно се закити и со наградата за најдобар рап албум за „DAMN.“.

Најдобра кантри дуо или група е „Литл Биг Таун“, најдобра канри песна - „Broken Halos“ на Крис Степлтон, кој водено доби Греми и за најдобар кантри албум за „From a Room: Volume 1 “. 

Фото: Timothy A Clary/AFP/Getty Images/Видео:TNT Vivo

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.