Прв пат жена на чело на фудбалски клуб: Ирена Јакимовска назначена за генерална директорка на прилепска „Победа“

1640 Views Јануари 30, 2018 Спорт Никола Осило

Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по пријавата за упис на промена - бришење на извршен член на Одбор на директори со оставка и именување на Иовршен член на Одбор на директори, промена - разрешување на овластено лице и именување на вршител на должност генерален директор на друштво за спортски активности донесе решение со кое се одобрува пријавата.

Со решението, Ирена Јакимовска е назначена за извршен член на одборот на директори и в.д. генерална директорка на клубот.

Јакимовска е сопственичка на компанијата „Комфи ангел“.

Фото: Comfy angel

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!