Кога во Македонија ќе се истражува потеклото на парите на богатите граѓани

Луксузни автомобили, палати на Водно, вили на Халкидики, плакари само за бунди, дијаманти и злато, летување на Бахами, скијање на Алпите...

Со години само слушаме како на нелегален начин официјално и неофицијално стотици граѓани во Македонија стекнале огромно богатство, и никому ништо. Само слушаме.

Чат пат по некоја ситна риба ќе се фати во мрежата и толку.

Се посочуваат конкретни имиња на политичари од сите партии и на бизнисмени блиски до истите, зад кои со сигурност не стои успешна приказна како таа на основачите на Гугл, од бизнис во гаража до светски позната компанија.

Тронка надеж дека нешто конкретно на темава ќе се случи даваат истрагите на Специјалното јавно обвинителство, кое истражува како бил стекнат имотот на неколку лица.

Но, за епилог на овие случаи, ако го земеме во предвид фактот како до сега се одвиваат судењата за случаи на СЈО, ќе почекаме уште некое време.

Се уште чекаме и на враќањето на нелегално стекнатите пари, кое СДСМ го најавуваше пред да дојде на власт и да почне да врти бројчаникот кој требаше да ги регистрира истите.

Во меѓувреме во соседството, бугарските обвинители соопштија дека ќе покренат истрага за потеклото на парите на богатите граѓани кои поседуваат луксузен имот или автомобили. 

Главниот обвинител нареди истрага за потекло на парите на Бугарите кои во 2015 и 2016 година купиле имот во вредност повеќе од половина милион лева или околу 255.000 евра.

Истрага ќе има и за сопствениците на луксузни автомобили, откако полицијата и даночното биро соопштија дека некои од нив веројатно се вмешани во затајување данок или перење пари.

Ви звучи познато „затајување данок или перење пари“?

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

СДСМ заборави на ревизијата за приватизацијата

Бугарија почнува истрага за потеклото на парите на богатите граѓани

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.