Почна раниот букинг: За 10 дена летување во Грција може да платите само 50 евра

Тоа што надвор температурите паѓаат и до минус 5 степени под нулата, не ги спречува граѓаните да купуваат аранжмани за летување во текот на декември и јануари.

Додека зимските аранжмани се уште се продаваат како алва, според туристичките работници, граѓаните во Македонија веќе почнаа да резервираат термини за летување.

Раниот букинг дава попуст и до 40 отсто, а има и многу начини на плаќање додека дојде време за летување.
На вакаков начин летувањето е многу поевтино, а кај „first minute“ аранжманите понудата на хотели е многу голема.

Во Македонија оваа пракса трае веќе неколку години, каде голем дел од граѓаните кои фиксно знаат кога можат да го користат годишниот одмор си уплаќаат аранжмани за летување кои се многу поевтини отколку ако тоа го направат пред летната сезона.

Кај нас најбарана дестинација секако е Грција, каде што и траиционално Макдонците се најбројни, но има и рана уплата и за Турција и Бугарија.

Така оние кои сега ќе решат да си уплатат за летување можат да најдат и 10 дневен аранжман за Грција во износ од 50 евра.

-Трета година по ред како купувам аранжман за летување во јануари. Цените се драстично помали ако решиш за уплата во екот на сезоната. Вака не само што ќе заштедиме многу пари, туку во текот на летото кога ќе одиме на летување нема да имаме голем трошок наеднаш, вели Сања од Скопје.

Тааа најчесто букира за летување во Грција, а вели дека сега изборот е многу поголем и за места каде сака да летува, но и за сместување.

Според туристичките работници најмногу се бараат апартмани и хотели во Грција, на Халкидики каде што хотелите за рана уплата даваат и попуст од 30 до 45%, но секако овие попусти можат да ги искористат туристите кои однапред знаат кога може да ги користат годишниот одмор.

Сепак од агенциите напоменуваат дека оние кои купуваат аранжмани за летување во текот на зимата треба да знаат дека кај „first minute“ аражмани нема промена на датумот и имињата на патниците.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.