Концерт на Растко Обрадовиќ квартет во Јавна соба

Во сабота, 3.февруари свој прв концерт во Скопје ќе има динамичен белградски квартет, Растко Обрадовиќ. Со овој концерт продолжува промоцијата на регионалната џез сцена во соработка со Win Music Freedom платформата.

Српската џез сцена никој пат не била толку динамична и разноврсна. Авторски состави никнуваат низ цела Србија, но Белград е секако епицентар  на добрата музика каде само квалитните состави успеваат да опстанат.

Во Србија има состави кои негуваат музика од 50ти години, неизбежно збогатена со печати од времето и поднебјето на кое се креира, но има и автори чии композиции се темелени  на локалната музичка традиција. Секако има креативни музички групи чиј репертоар  е современ џез , но се сретнуваат и фузирани групи и автори кои се длабоко во водите на експериментална музика и слободна импровизација на лице место. 

Белградската сцена е најразновидна, но не значи дека не постојата музички состави и од други подрачја кои рамноправно се носат. Напротив, одличен џез има од Кањижа до Врање, а она што е најинтересно е дека во сите нив предводат исклучиво млади автори.

Оваа нова генерација има образование и искуство стекнато пред се на врвни светски академии и настапи како Осло, Лондон, Амстердам, Њу Јорк и сл. Овие автори имаат “загарантирана” светска кариера. Оваа сезона, зима - пролет во Јавна соба ќе видиме 5 од најдобрите белградски состави.

Концертот на Растко Обрадовиќ квартет во сабота во Јавна соба е прав показател на белградската сцена. Членовите на квартетот се искусни, надвор школувани музичари кои покрај композициите ќе изведат и дел од омажот на Растко под налсовот „Tirgova Hamasjana”.

Претставувањето на белградската сцена е во организација на Јавна соба и Мултикултиватор од Белград. Мултикултиватор е единствена платформа која е посветена на унапредување на музичката сцена на овие простори. Организацијата детектира талентирани музичари и преку осмислени програмски активности ги поддржува да се узсовршат или образуваат во странство. 

Влезот во Јавна соба е слободен.

Линк од настанот ОВДЕ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.