Редок феномен: По пауза од 36 години вечерва супер-сина крвава Месечина

685 Views Јануари 31, 2018 Техно Никола Осило

По пауза од 36 години, граѓаните од повеќе земји во светот ќе бидат сведоци на редок астрономски феномен - супер сина крвава Месечина.

Вечерва ќе се спојат три необични лунарни појави: супермесечина, сина Месечина и целосно затемнување на Месечината. Но, тоа нема да може да се види од Европа, туку само од Северна Америка, Азија, Блискиот Исток, Русија и Австралија.

Супермесечина се појавува кога Месечината е најблиски до Земјата во својата орбита. Во таа точка, наречена перигеј, Месечината изгледа за 14 отсто поголема и 30 проценти посјајна. Тие две појави не се толку ретки, но 36 години немало во комбинација со затемнување на Месечината.

Астрономскиот триплет последен пат се случи на 30 декември 1982 година и тогаш можеше да се види во Европа, во Африка и во западна Азија.

Фото: theconversation

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!