Штипски “Кит-Го“ отвара четири нови маркети во Скопје

3460 Views Февруари 1, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

Друштвото за трговија „Кит-Го“ од Штип отвара четири нови маркети во Скопје и тоа во Автокоманда, Бутел, Тафталиџе и во Кисела Вода.

Според објавата на Централниот регистар, раководител на четирите маркети во Скопје е Кирил Гогов.

Како што објави еМагазин штипската компанија зеде под закуп четири маркети кои што беа во сопственост на „Скопски пазар“. Минатиот месец „Скопски пазар“ објави дека затвара десет маркети во Скопје.

Освен Кит-Го, дел од маркетите на „Скопски пазар“ ги закупи “Грандпром-ЗУР“.

Фото: Кит-Го

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И СЛЕДНИТЕ СТОРИИ

ЕКСКЛУЗИВНО Кој зеде под закуп маркети на СП во Скопје?

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.