Пратеникот Панчо Минов од ГРОМ предлага измени на Законот за вино

1601 Views Февруари 1, 2018 Вино Редакција Емагазин

Пратеникот Панчо Минов од ГРОМ до собранието достави предлог измени и дополнувања на Законот за вино.

Според предлогот, со постојната формулацијата на предметот на уредување на Законот за виното, винското грозје не е дефинирано како земјоделско-прехрамбен производ од стратешко значење и не е прецизирано управувањето и планирањето со производството, прометот и откупот на винското грозје за преработка и производство. 

Предлагачот смета дека пазарот на понудата и побарувачката на винско грозје за производство на вино често се нарушени со појави на вишок количини на винско грозје за откуп неблаговремено објавување на откупните цени, диктирање на ниски откупни цени на винското грозје, неправилности во мерењето на шеќерноста при откупот на винското грозје и ненавремена исплата на откупените количини на винско грозје, поради што нужна е регулација односно измена на Законот за виното.

-Со предложеното законско решение проблемите со вишокот на винско грозје преку пријавување на планираните количини на производство на винско грозје наменето за откуп, објавувањето на откупните цени на винското грозје, пред почетокот на откупот, правилно мерење на шеќерните единици во откупот на винско грозје, обезбедување на средства од откупувачите за исплата на откупените количини на винско грозје за редовна исплата на лозаропроизводителите, воведување на директни плаќања како финасиска подршка на производителите на винско грозје и вино и заштита на вината кои носат ознака на географски назив на виногорието ќе бидат нормирани, се вели во предлог измените на Законот за вино доставени до Собранието.

Со предложениот закон виното ќе добие стратешко значење на прехрамбен производ, ќе се следи и превземат мерки на планирање и управување со производниот потенцијал и организирање на пазарот на винското грозје наменето за откуп и производство на вино, односно за извоз.

Со предложените измени производителите на грозје ќе ги заштитат своите интереси со навремено информирање за откупните цени, правилно мерење на шеќерните единици од стрна на проценителите овластени од министерството, откупувачите ќе ги исполнуваат условите на обезбедени или гарнатирани средства наменети исклучиво за исплата на откупените количини на винско грозје. 

Исто така државата ќе воведе дирекни плаќања како финнасиска помош за вистинските производители на винско грозје и за производителите на вино и ќе се заштитат вината кои носат ознака на виногорието.

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.