Пријавувањето за шестата женска трка „Авицена“ е отворено

439 Views Февруари 1, 2018 Спорт Редакција Емагазин

Денеска официјално се отвори пријавувањето за женската трка „Авицена“ 2018. Шестата трка ќе се одржи во недела, 1 април и ќе стартува во 10 часот. Минатата година околу 1.500 натпреварувачки трчаа во Градски парк додатно зацврстувајќи ја женската трка „Авицена“ како синоним за здравјето и здравиот начин на живот.

Со денешното отворање организаторите за сите кои ќе се пријават овозможија до 4-ти февруари да го одберат својот омилен стартен број. Во првиот бран, кој трае до 15 февруари, котизацијата изнесува 150 денари, а самото пријавување завршува на 28.03.2018.

Оваа година е приредено исклучително изненадување со тоа што трката ќе биде од уличен карактер и ќе се одржи на бул. Илинден во Скопје. За прв пат стартот и целта ќе бидат пред Фонтана Лотoс на Бул. Илинден и ќе се трча по самиот булевар во еден круг од 2 километри.

Стартниот пакет за женската трка „Авицена“ вклучува стартен број со чип, онлајн диплома во ПДФ формат, вода, учество во лотарија и подароци од спонзорите. 

Оваа година загревањето ќе биде пред платото на Фонтанa Лотoс таму по завршувањето на трката ќе има лотарија и прогласување на најдобрите на 2 километри.

Пријавувањето и регистрацијата за женската трка „Авицена“ 2018, може да се направи преку официјалната веб страна на женската трка „Авицена“ (www.zenskatrka.mk) и преку партнерот за онлајн регистрација на Авицена Женска трка www.smartrace.club.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.