(Фото) За каков идентитет се зборува, ако во депонија се претвора се што е белег или дел од него

На социјалните мрежи се појавија фотографии од Скопскиот аквадукт кои сведочат дека овој археолошки локалитет е претворен во депонија.

Но не само овој локалитет, во мини депонии се претвораат речиси сите места кои претставуваат значаен белег на државата, што говори за нашата негрижа и однос кон се она, што на одреден начин е дел од идентитетот на еден народ.

Како народ, познати сме по тоа што нашата еколошка свест не е ниту на минимум кога станува збор за природните убавини, па сме голем срам за туристите кои врз основа на тоа, добиваат впечаток за народот што живее на оваа територија.

Фото/Фејсбук-страница на Пријави загадувач

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести