Чукчуковска: Сакам да сум здрава и самостојно да си ги гледам децата

Поради парализа, Неделка Чукчуковска треба да се оперира на почетокот на март во Србија во специјалната хируршка болница „Медикус“. Операцијата чини 2.850 евра, но таа не е во состојба да обезбеди финансии.

„Зарем е премногу човек да побара да е здрав? За жал пари немам, но имам нешто кое со пари неможе да се купи. Имам храброст, љубов, надеж, верба во Господ, верувам во чуда. Нешто кое многу малку го поседуваат. Ве имам пред се вас и еден сон кој целиот мој живот сакав силно и со солзи во очите од болка што сум, а не сум како останатите-здрава“, вели Чукчуковска.

Додава дека, и таа го има сонот на секоја жена, да се омажи да има деца и самостојно да ги одгледа.

„Го имам сонот и на секој човек (да бидам здрава)“, вели оваа девојка на која и е потребна помош.

Можете да донирате преку телефонските броеви (без вртење на префикс):

ВИП/ОНЕ 143 502

Телеком 143 104

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.