Фајненшл тајмс: ЕУ ќе прими шест држави од Балканот, вклучувајќи го и Косово

1312 Views Февруари 2, 2018 Бенчмарк Редакција Емагазин

Планот на ЕУ е да прими шест држави: Албанија, Србија, Црна Гора, БиХ и Македонија, но и самопрогласената држава Косово, пишува Фајненшл тајмс.

Според весникот, главната причина за таквиот потег на Брисел е што Балканот служи како главен „терен“ преку кој илјадници емигранти стигнуваат до тлото на Европската Унија.

Меѓутоа, Фајненшл тајмс тврди и дека стратезите на ЕУ стравуваат дека Русија опасно ја шири својата зона на влијание, токму во регионот каде што традиционално веќе има сојузници.

Забележано е дека Москва почнала цинично да ги коментира ветувања кои ЕУ им ги дава на земјите од Западниот Балкан околу членството, наметнувајќи се себеси како „алтернатива“.

Новиот план на Брисел ќе ѝ биде претставен на Европската комисија на 6 февруари, кога ЕУ треба да го претстави својот план за Западниот Балкан. Се очекува новиот план да биде усвоен, пишува ФТ.

Рокот за „големото проширување на ЕУ“ е датумот кој веќе беше спомнуван во српската јавност како рамка до која Србија треба да биде примена во ЕУ, а тоа е 2025 година.

Фајненшл тајмс истакнува дека шестте држави сепак ќе мораат, пред конечниот прием во ЕУ, дефинитивно да ги решат отворените прашања, како и проблемот со корупцијата. Во таа смисла најблиску до достигнувањето на целта се Србија и Црна Гора.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.