(Фото) Робот ги послужува гостите со кафе

700 Views Февруари 3, 2018 Техно Редакција Емагазин

Во кафулето „Хена кафе“ во Токио, гостите ги послужува робот. Кога ги прашува гостите за кафе, нагласува дека може да го направи подобро отколку луѓето околу него.

Неговото име е Sawyer и може да раководи со автоматска машина и за шест други топли пијалоци, како топло чоколадо, зелен чаj и сл.

Младите, кои се најчести клиенти, се фотографираат со него додека чекаат во ред. А, тоа е и една од идеите на сопствениците на кафулето, роботот да ги забавува клиентите, но и да ја зголеми продуктивноста.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.