Пред денешниот протест за името „Македонија“ вандализирана куќата на грчкиот композитор Теодоракис

2385 Views Февруари 4, 2018 Балкан Редакција Емагазин

Куќата на грчкиот композитор Микис Теодоракис, кој лично или преку видео порака треба да се обрати на денешниот протест за иметото „Македонија„ во Атина е испрскана со црвена боја, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

На ѕидот е напишана и заканувачка порака во која е обвинет дека дека ќе биде дел од „националното мочуриште„, односно денешниот протест, кој ќе се одржи во Атина под мотото „Македонија е грчка“.

„Твојата приказна почна како планина и ќе заврши на плоштадот Синтагма“, стои во порака.

Како што пренесуваат грчките медиуми, тој вели дека не се плаши, дека е смирен и подготвен за протестот.

Засега нема апсења за овој инцидент, а медиумите шпекулираат дека тоа е дело на Анархистите.

Протестот ќе започне во 14 часот по грчко време.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(ВИДЕО) Грчкиот композитор Теодоракис пристигна на протестот во Атина во количка

(ВИДЕО/ФОТО) Атина подготвена за протест за иметото „Македонија„

Нацоски до грчкиот колега Теодоракис: Кога "Гркот Зорба" беше изведена во МНТ немавте замерки

Од Солун тргнуваат автобуси за утрешниот протест за името „Македонија„ за Атина

(Фото) Најава за денешниот протест на Антифашистите во Атина и на македонски јазик

Графит во Атина: „Во Грција-Македонија-Албанија, непријателот се банките и министерствата„

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.