146 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев: Неговите најубави цитати

Денеска се одбележуваат 146 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, еден од најзначајните ликови во македонската историја кој уште пред еден век се борел за македонската кауза и зачувување на македонскиот народ и идентитет.

Роден е на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер. 

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје. 

Еве некои од неговите познати цитати:

"Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите."

"Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите" 

"...Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија..."

"Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот".

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

На која жена Гоце Делчев и го подарил срцето

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.