(ВИДЕО) Грчкиот композитор Теодоракис пристигна на протестот во Атина во количка

1404 Views Февруари 4, 2018 Балкан Редакција Емагазин

Грчкиот композитор Микис Теодоракис во количка пристигна на протестот за името „Македонија“ во Атина.

Вчера неговиот дом беше вандализиран и доби смртни закани. Првично беше планирано на протестот да се обрати со видео порака, но по заканите за неговиот живот се реши да дојде лично.

Неговото најпознато дело „Гркот Зорба“ во 1997 година беше изведено во МНТ во Скопје, во присуство на тогашниот претседател Киро Глигоров и тогашниот државен врв.

Настанот во живо беше пренесуван на македонскиот и грчкиот јавен сервис.

Фото/видео: newsit.gr

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(ВО ЖИВО) Следете го протестот во Атина: „Македонија е грчка“

(ВИДЕО/ФОТО) Атина подготвена за протест за иметото „Македонија„

Пред денешниот протест за името „Македонија“ вандализирана куќата на грчкиот композитор Теодоракис

Нацоски до грчкиот колега Теодоракис: Кога "Гркот Зорба" беше изведена во МНТ немавте замерки

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.