Теодоракис побара референдум за името и упати критики до грчката Влада

684 Views Февруари 4, 2018 Балкан Редакција Емагазин

Грчкиот композитор Микис Теодоракис прв се обрати на големиот протест во Атина, свикан против употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја. Славниот композитор упати остри критики до грчката влада, но и до нашата земја. Освен што кажа дека Македонија е грчка, тој побара и референдум, јави дописникот на МИА од Атина.

- Ако една грчка влада помисли да го стави потписот на земјата за сложено име, нема друг избор освен да го праша грчкиот народ. Упатувам повик до пратениците, кои го имаат тоа право да побараат референдум, рече Теодоракис.

Посочи дека тој и грчките граѓани не прифаќаат да бидат пасивни набљудувачи во период кога земјата се наоѓа во толку критичен момент. 

- Јас сум патриот, го презирам и се борам против фашизмот во сите негови облици,но и во најопасниот облик - левоориентираниот, порача грчкиот композитор.

Во однос на прашањето за името ја спомена одлуката од 1992 на советот на лидерите на политички партии, под патронат на  тогашниот претседател, кога беше одлучено терминот „Македонија“ да не биде вклучен во името.

- Кое било отстапување од оваа позиција ќе има катастрофални резултати за земјата,  рече Теодоракис.

Во своето обраќање 93-годишниот грчки композитор, на граѓаните им порача дека се борел за единство на народот и дека „треба со овој проблем да се соочиме обединети“.

„Мики, ја менуваш историјата“, скандираа присутните, додека говореше грчкиот композитор.

Веднаш по говорот на Теодоракис, на присутните им се обрати митрополитот Доротеос како претставник на Светиот синод на ГПЦ.

Анархистите организираа контра протест

Паралелно со протестот на Синтагма, на оддалеченост од околу 800 метри, анархистички и антифашистички организации одржаа контра протест.

Полицијата со блокови од полициски автобуси, го подели просторот за да се избегне допир на двете групи и да се избегнат инциденти. 

МИА

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(ВИДЕО) Грчкиот композитор Теодоракис пристигна на протестот во Атина во количка

Пред денешниот протест за името „Македонија“ вандализирана куќата на грчкиот композитор Теодоракис

(ВИДЕО) Помасовен од очекуваното, добива антивладин карактер протестот во Атина за Македонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.